Напорен викенд, нели? Колку напорен толку и убав.
Помина #денот_на_жената и денот за да #простиме..
Изгледа ми требаа 30 години за да сватам дека 8ми март не е денот на мајките, туку е денот на ЖЕНАТА и дека треба да си простам за грешките кои ги имам направено прво на себе а после и на другите.
А жена е и мојата ќерка, средношколката која можеби оваа година ќе биде матурантка, студентка која се бори со професори, систем, книги, студенски прашања, твојата немажена сестра, комшиката која ти доаѓа на кафе и има дечко, бизнисменката која прави фантастични бизнис договори за подобрување на работната организација, бабати кај која не си отишла да ја видиш зашто имаш многу обврски, другаркати која нема абер од мажење.... :)
Супер се кафаните за дружење, но отворени се секој ден не само на 8 ми март.... можеби подобро е да се организираме некој друг петок да излеземе женско друштво, а 8ми март и месецот на жената да го посветиме за да размислиме дали навистина сме рамноправни. Секоја чест на жените што можат да постигнат се, да бидат мајки, сопруги, ќерќи, сестри, другарки, лојални соработници и усешни жени во сеуште машкиот бизнис свет.
Според мене еднаквост не е само право на глас.... еднаквост е и САМА да одлучиш кои се твоите сонови и да ги остваруваш. Да престанеш да бидеш во рамките на тоа што луѓето очекуваат ТИ да бидеш. Нека престанат а ви кажуваат кои сте и да ги иполнувате нивните очекувања. А што сакаш да бидеш ТИ? Кој сакаш да бидеш?
Има факт кој што кажува дека на 4 жени има 1 маж. :) Свесни ли сме колку многу не има!!! Да не се разбереме погрешно... Јас сум опкружена и сум била опкружена со фантастични мажи кои ми покажале како треба да се почитува една жена и оставиле белег во мојот живот... Затоа не барајте помалку од тоа што сте го имале... Ние не сме само уште еден глас за време на избори или машини за раѓање деца, чистачки за куќата да биде средена, готвачки за да има што да се јаде.... Ние сме многу повеќе и плус тоа.... Ние сме и механичари кои си ја менува гумата од кола, ние сме шофери кои ги носат децата во градинка, школо, на курс или тренинг, фудбалери кои играат утакмица со нив во дневна, мајстори кога ќе прегори сијалицата или ќе се расипе казанчето или чешмата, ние сме тие кои договараме и правиме големи зделки во компаниите каде работиме, ние ја завршуваме работата до крај. И сето тоа можеме да го правиме на +12cm штикли.
Кога сите жени би се поддржувале, не би завидувале едни на други, кога би си БИЛЕ ВЕТЕР ВО ГРБ и не се оговараме... Изгледа би измислиле и нови нијанси на СИТЕ БОИ на СВЕТОТ 🌏 и ќе одиме на пат околу СОНЧЕВИОТ СИСТЕМ за 80 дена 👩❤️👩
Можеби кога ќе престанеме да се озборуваме меѓу себе ќе бидеме уште посилни, Дали сте слушнале мажи да се озборуваат меѓусебно!!!! Јас не :) E тогаш ќе имаме сила да се се фокусираме на себе и да им помогнеме на другите жени околу нас, ќе си посветиме внимание и помалку ќе „грешиме“. не сме должни на никој да му даваме оттчет за нашите планови и сонови,
Простуваме ....и се залажуваме дека „нема да му се повтори“, нервозен од работа, дека малце повеќе испил, имал лош ден со родителите, му изгубил неговиот омилен тим.... Сепак сме луѓе од крв и месо имаме емоции и знаеме да ги искажеме, Знаеме и да згрешиме но дали знаеме и да СИ ПРОСТИМЕ НА СЕБЕ и да продолжиме понатаму?
Сите правила се напревени за да изгубиш, СКРШИ ГИ , БИДИ КРЕАТОР НА ТВОЈАТА ИГРА. ОТВОРИ ГИ КРИЛАТА И ЛЕТАЈ.
ХОХО
М.
П.С. За секакви сугестии, коментари и критики слободно пишете ми, а ако сакате да сте дел од заедница, ви треба некаква промена, ветер во грб или совет, ќе бидам среќна да ви излезам во пресрет.
П.П.С. За да видите која сум.... погледнете го линков: https://kaloshevamarija.wixsite.com/freewings/home/не-сакам-да-мудрувам-туку-да-инспирирам
Comments