ОК.... ух.... Еве ме официјано со првиот мој пост. :)
Да бидам искрена, овде не сакам да мудрувам, туку сакам да споделам мои искуства и како јас се снаоѓам околу моите дневни обврски како тазе мајка и добро печен советник за поздрав и поактивен начин на живот.
На некои можеби ќе им биде досадно да ме читаат, на некои можеби ќе им бидам забавна, некои ќе ме осудуваат, некои ќе ги инспириам за да продолжат понатаму, а некои ќе посакаат да ми се придружат. Но јас ќе пишувам за сите. :)
На кратко де се претставам. Родена сум 12,08,1987,и по 30 години на 11,08,2017 родив девојче (чиста "случајност" е што се роди 6 саати пред мојот роденден - иако не верувам во сличајности). :) Има големи сини очи и кафеава коса... Се вика #Cataleya но сите ја знаат како #herbababy. Ние ја викаме Леа а таа сама се вика Ката... хахаха. Хербабејби е зашто јас веќе 7 години користам производи на компанијата #HerbalifeNutrition а и таа на почетокот индирекно а потоа и дирекно ги користи истите, Како што гледате сеуште сум МНОГУ жива и здрава, а и Леа е топ дете. Може да не следите на Instagram @kalosheva_presfitmom, на Facebook Kalosheva Marija или LinkedIn Marija Kalosheva.
Иако имам дипломирано Економија, за себе сакам да кажам дека сум #wellness #советник Мала дигресија..... Wellness= #wellbeing (не само одсуство на болест туку физичка, психичка, социјална и материјална благосостојба) + #fitness ( сите знаеме што е ) Партнер сум со една интернационална нутриционистичка компанија која ми даде можност да се хранам здраво и правилно, да се едуцирам, да работам со позитивни луѓе и да можам да си обезбедам убав живот за мене и мојата фамилија. Поконкретно, им помагам на луѓето да се хранат здраво и да си го подобрат животниот стил, .... Тоа и ме прави среќна!!!
За што го почнувам сето ова? Не сум ништо посебна и поразлична од вас, само имам необична желба да дадам вредност на оваа Планета и да видите дека не сте сами. Сакав да направам нешто каде би можела на што е можно повеќе луѓе да им дадам нешто што би им користело, посебно на #независните
#жени (повеќе претпочитам така да ги викам #самохраните #мајки). Затоа, тука ќе читате информации од мојот приватен живот, ќе споделувам нешто што би ни користело на сите, ситуации со кои јас се справувам, како финкционирам, што јадам, што носам, со кој се дружам, каде се движам, каде патувам и како правам за да си го поедноставам животот. Повелете... Земете што вас ви одговара ;)
Се читаме набрзо...
XOXO
М.
П.С. Секакви сугестии се добродојдени, а ако ви се допаѓа тоа што го правам слободно можете да споделувате....
Comments